![]() |
|
|
Активности и проекти ГФК "Growth from Knowledge"истражување 09.2009 На 20.10.2009 во Holiday Inn беше одржан прес на кој збор имаа спец. д-р Владимир Чадиковски (Претседател на Фондацијата), м-р Весна Кузмановиќ (ГФК) и д-р Зоран Стојановски (државен секретар во Министерство за здравство на РМ). На пресот беа презентирани резултатите од истражувањето кое го направи ГФК за потребите на Националната Фондација за Трансплантација и беше промовирана веб-страницата www.ntf.com.mk преку која сите заинтересирани ке можат да се информираат и да се приклучат кон активностите на нашата Фондација. Истражувањето кое го направи ГФК за потребите на Националната Фондација за Трансплантација, беше спроведено на репрезентативен национален примерок од 1000 домаќинства со директно интервју “лице во лице” и покажа дека голем процент од граѓаните би донирале орган и покрај непознавањето на оваа тематика. Резултатите покажуваат дека дури 70% од испитаниците сметаат дека донирањето на органи е позитивен хуман акт, а 75% би донирале орган за да спасат човечки живот. На прашањето дали би ги донирале вашите органи во случај на смрт, 22% од испитаниците одговориле дека би потпишале согласност за донирање на своите органи, а 40% најверојатно би гo направиле истото. Дури 36% од испитаниците кои одговориле дека не би донирале органи, како причина го навеле ниското ниво на доверба кон институциите, негативниот став. Дури 76% незнаат дека има закон со кој се регулира трансплантацијата и донирањето на органи. Националната фондација за трансплантација ќе продолжи да работи на подигнување на свеста кај граѓаните и интституциите за потребата од донирање органи. Исто така, партнерски ке соработува со сите надлежни институции. Етичките аспекти на трансплантацијата 14-17.05.2009 Во периодот од 14-17.05.2009 година, во хотел Белведере, Охрид се одржа 32-от Интернационален Медицински Научен Конгрес за студенти и млади лекари, кој е еден од најстарите конгреси во Европа. На него учевствуваа преку 200 студенти по медицина, млади лекари како и професори од Медицинскиот Факултет-Скопје. На истиот учевство зеде и Националната Фондација за Трансплантација. На конгресот беше одржана работилница од страна на Националната фондација за трансплантација на тема “Етичките аспекти на трансплантацијата”, на која беа присутни повеќе студенти по медицина и млади лекари. Работилницата ја водеше спец. д-р Владимир Чадиковски заедно со г-дин Зоран Јачев. |
|