ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ОРГАНИ

Трансплантацијата на органи претставува постапка при која се вади органот од едно тело и се трансплантира во друго (или во истото), со цел да се замени органот кој е оштетен или недостасува од примачот, со функционален од донорот. Донорите на органи можат да бидат живи или починати (кадавер).

Органи кои можат да бидат трансплантирани се: срце, бубрези, црн дроб, бели дробови, панкреас, пенис, очи и црева. Во ткива спаѓаат: коски, тетиви, корнеа, срцеви валвули, вени, раце и кожа.
ВИДОВИ НА ТРАНСПЛАНТАНТИ:
Автографт: трансплантација на ткиво на истиот пациент.
Алографт: тоа е трансплантација на орган или ткиво помеѓу два генетски неидентични членови на истиот вид.
Изографт: тоа е подвид на алографт, каде органите и ткивата се трансплантирани од донор на  генетски идентичен примател (како на пример идентичен близнак).
Ксенографт и ксенотрансплантација: трнсплантирање на органи и ткива од еден вид на друг.
Разделена трансплантација:  понекогаш орган на донор кој е починат, почесто црн дроб, може да биде поделен на два примачи,поготово на возрасен и дете.
Домино трансплантации: обично трансплантацијата се изведува кај пациенти кои страдаат од цистична фиброза бидејќи обата бели дроба мораат да бидат заменети, а и технички е полесно да се изведе операцијата така што срцето и белите дробови ке се заменат истовремено.

Трансплантацијата како дел од медицината е една од најкомплексните области. Некои од клучните моменти за медицинско справување се проблемите на одбивање на органот- телото има имун одговор на органот кој пак од своја страна предизвикува пропаѓање на трансплантантот, како и истовременото осигурување дека органот ке биде чуван во функционална состојба додека се трансплантира од едно тело на друго.
Самата трансплантација поттикнува бројни биоетички прашања: дефиницијата за смрт, кога и како да биде дадена согласност за органите да бидат трансплантирани, како и наплатата за трансплантираните органи.

Doma