Видови трансплантации во РМ

  • Универзитетска клиника за детска хирургија
  • Универзитетска клиника за хематологија
  • Универзитетска клиника за урологија

1. Проект - Трансплантација на црн дроб кај деца

Интернационалниот проект за трансплантација на црн дроб е поддржан од Светската асоцијација за детска трансплантација IPTA. Моментално е во завршната четврта фаза. Проектот е воден од страна на Проф. Рајмонд Рединг, Детска хирургија - трансплантационен оддел при Универзитетска Болница "Ст. Лук", Брисел, Белгија како менторска институција и спец. д-р Владимир Чадиковски, Универзитетска Клиника за Детска хирургија, Скопје, Р.Македонија.

2. Проект - Трансплантација на бубрези кај деца

Проектот е воден од страна на спец. д-р Ристо Симеонов, Универзитетска Клиника за Детска хирургија, Скопје, Р.Македонија во соработка со Baskent Универзитетот од Анкара, Турција.

На 30/10/09 на Клиниката за Детска хирургија се изврши првата трансплантација на бубрег  од жив донор (од родител на дете).  Координатор на проектот е д-р  Ристо Симеонов од Универзитетската Клиниката за Детска хирургија  под  менторство на докторите  Проф. Хамди Каракајали и Доц. Шинаси Севмис  од Башкент Универзитетската болница – Анкара, Турција.

На Универзитетската Клиника за хематологија во педиод од 9 години (од 25.09.2000 до 25.09.2009) извршени се вкупно 190 трансплантации, од кои алогени (од HLA идентичен дарител) 50 и автологни (при кои пациентот е сам на себе дарител, во состојба на ремисија) 140. Повеќе од 50% од трансплантациите, извршени се кај пациенти со акутни леукемии. Третирани се возрасни пациенти и 2 деца (1 Ewing-ов сарком и 1 дете со NHL). Со среднна бројка од околу 20 трансплантации годишно на два милиони жители, нашиот центар е еднаков со Клинички центар - Љубљана. Од 2003 година членови сме на EBMT (Европско здружение за трансплантација на коскена срцевина) во кое активно партиципираме со нашите пациенти и резултати.

Content 3

 

Doma