Мисија и Цел
Подигање на свеста за донирање органи, подобрување на квалитетот на живот кај пациенти кои имаат неопходност од трансплантација, употребувајќи ги сите медицински, легални и етички стандарди, како и воспоставување на научна синтеза помеѓу здравствените работници и членовите на општеството.
Цели на фондацијата се:
- Едукација на медицински кадар и на јавноста за подигање на свеста за донирање на органи
- Поддршка на медицински истражувања од областа на трансплантација на органи
- Поддршка на семејства и пациенти на кои им е неопходна трансплантација или веќе имаат извршено трансплантација
- Техничка поддршка при набавка на инструменти и потрошен матерјал неопходни во процесот на трансплантација
- Поставување на правни и етички рамки за трансплантација на органи