![]() |
|
|
Управен Одбор
Претседател:Владимир ЧадиковскиСпецијалист по детска хирургија, основач на Фондацијата и прв Претседател на Бордот на НФТ. Асистент професор на Медицинскиот факултет. Вработен во Универзитетската Клиника за Детска хирургија при Универзитетскиот Клинички Центар во Скопје. Координатор на проектот за трансплантација на црн дроб кај деца во Македонија поддржан од IPTA.Членови (по азбучен ред):Алајдин АбазиДипломирал во 1965 год, магистрира во 1973 и докторира во1977 на Универзитетот во Загреб. Во 1966 година се приклучува на Техничкиот факултет на Универзитетот во Приштина и е назначен за декан на истиот во периодот 1979-1981. Во 1985 година тој станува редовен професор по Електромагнетна теорија на Универзитетот во Приштина. Неговите трудови, истражувања, објавени и референцирани статии се во доменот на електро-материјали, теоретско електро-инженерство и мерења, како и во доменот на енергетското инженерство и заштита на животната средина. Тој е автор на повеќе од 100 написи, проекти и книги. д-р Абази е Ректор на ЈИЕУ од 2001 година, а во 2006 година е избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.Борјан ЈовановскиУредник во New Moment Video House. Од 1995 година тој работел како новинар во А1 ТВ (прва приватна и независна телевизија во Македонија) на анализи и извештаи на теми во врска со стабилноста на регионот на ЈИЕ. Во центарот на неговиот интерес е ситуацијата во Косово и кризните региони на поранешна Југославија. Тој е автор на голем број репортажи на овие теми и направи голем број на интервјуа со релевантни лица вклучени во оваа криза. Од 1996 до 2000 година тој беше постојан дописник за А1 ТВ од Брисел од каде што известуваше за активностите и политиката на НАТО и ЕУ во решавање на балканската криза. Во текот на 2002 година беше портпарол на трагично починатиот претседателот на Република Македонија, г-дин Борис Трајковски. Почнувајќи од 2002 година, води сопствен неделен ТВ проект "Еврозум". Како еден од повеќето новинари посветени на Европските Болоњски процеси, има многу јавни дебати во врска со Европска интеграција. Тој е член на бордот на Хелсиншката Комисија од 2004 година. Дипломирал Компаративна книжевност на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј ", Скопје.Дејан КалиниковГлавен оперативен директор на Космофон АД Скопје, членка на групацијата на Телеком Словенија во Македонија. Пред да биде назначен на оваа позиција во јуни 2009, работеше како генерален директор на американскиот инвестицискиот фонд СЕАФ Македонија. Неговиот ангажман во СЕАФ датира од 2002 година, кога и се приклучува на компанијата како Советник за инвестиции. Има магистратура по деловна администрација со фокус на финансии и стратегија, стекната на Emory Универзитетот во САД. Неговото професионално искуство вклучува работа во Lucent Technologies, Македонски Деловен Центар и во неколку компании од ИТ индустријата во Македонија. Почесен член е на Бордот на Директори на Американската Стопанска Комора во Македонија (извесно време беше и Претседател на истиот Борд), член е на Комисијата за котација при Македонската Берза на хартии од вредност, Претседател на Бордот на Директори на Германос АД Скопје.Мабера КамбериЗавршила Филозофски факултет-група Социологија при Универзитетот "Св.Кирил и Методиј", Скопје. Моментално работи во Министерство за труд и социјална политика на работна позиција, раководител на Сектор за кординација. Член на управен комитет на Декадата на Ромите во Будимпешта од Македонија од 2003 година. Член на Управниот Борд на Ромскиот Едукативен Борд во Будимпешта од 2005 година. Член на Управниот Борд на ФИООМ-Скопје. Координатор на Владиното координативно тело за Декадата на Ромите од 2003. Ментор за едукација во програмата РИППЛЕ од МРГ-Лондон од 2001-2003. Член на Советодавниот Одбор на Ромаверзитас-Скопје 2003. Претседател на Женската Организација СОНЦЕ во Тетово. Член на експертската група MGS-ROM при советот на Европа во Стразбург. Учество на трибини како предавач: Социо-економска положба на Ромите во Република Македонија; Стоп за насилство кон жената; Можевме ли да го запреме конфликтот во 2001; Важноста на Едукацијата за Ромите; Интеграција на Ромите во општеството; Промоција на Декадата и Стратегијата во Република македонија; Улогата на Владата во промовирање на Декадата во Советот на Европа.Љупчо "Бубо" КаровРоден во Кавадарци во 1959 година. Член на музичката група “ТОКМУ ТАКА” од 1976-1984 година каде е композитор, текстописец, бас-гитарист и вокал на групата. Сега е член на ДУО-ТРИО , К-15. Како музичар учествува на многу живи свирки во EX-YU, како и на фестивали во Опатија, Суботица и други. Учествува и како композитор на македонски фетсивали. До 1985 година работи како новинар во Радио Кавадарци. Од 1985 до 1992 година како уредник и новинар на забавната редакција на Втората програма на Македонското Радио. Од 1993 до 1995 година е уредник и основач на Радио НОМА. Во 1994 година заедно со Бранко Огњановски и Васко Тодоров ја основаат фирмата К-15 Продукција. Добитник е на многу награди меѓу кои и највисокото новинарско признание, наградата Мито Хаџивасилев-Јасмин. Тој е автор на популарната Династија на кавадаречки начин, уредник и водител на “Радио Урнебес”, автор на најпопуларната радио емисија “НННРВ”, автор на многубројни рекламни и музички спотови, креатор и толкувач на препознатливиот телевизиски лик Цацко Конопишки, автор и продуцент на хумористичното шоу К-15. Се јавува и како автор на „Чудесната земја Македонија“ едукативна серија за деца во 7 епизоди. Серија која третира историски и културни моменти од македонската историја. Со К-15 Шоуто како хумористична емисија, има добиено многу признанија и награди меѓу кои:Најдобра ТВ емисија 1994, 1995, 1996, 1997, 1999, 2000 ТВ лице на годината 1994, 1995, 1996; Најдобро ТВ деби 1996; Златна бубамара за најдобра емисија 1997, 1998; Златна бубамара 1998 - најгледана Тв емисија во историјата на македонската телевизија; Златна бубамара 1998 –Награда „Народни херои“; Независен ТВ фестивал во Крушево 1998 Златна корија за играна емисија.Никица КусениковаИзвршна директорка на здружението Конект кое е посветено на поттикнување на филантропијата и општествената одговорност на претпријатијата. Таа има завршено европски постдипломски студии во областа на компаративен локален развој при Универзитетот од Тренто, Универзитетот од Регенсбург и Корвинус Универзитетот од Будимпешта. Следејќи ја својата примарна струка како дипломиран инженер по електротехника има работено во Македонска Радио Телевизија. Последните десет години работи на раководни позиции и како консултант во меѓународни и домашни развојни програми претежно во доменот на унапредување на демократијата и развој на граѓанското општество. Покрај професионалниот ангажман, таа е и активист во невладиниот сектор и застапник за правата на животните како дел од Друштвото за заштита на животните „Срна“.Сашо Мацановски - "Трендо"Поранешен колумнист, уредник на вести, новинар и автор на неколку ТВ емисии. Во моментот работи како уредник и водач на неколку популарни WEB портали и платформи во Македонија (on.net.mk, blog.com.mk, sportal.com.mk, zulu.mk), заменик генерален директор на телекомуникациската компанија on.net и водител на квизот "Кој сака да биде милионер". Има жена, дете и две гитари.Мишел ОсманлиЧлен на Бордот на Националната Фондација за трансплантација од самиот почеток на Фондацијата во 2008 година. Таа беше претседател на Меѓународната Асоцијација на Жени во Скопје во периодот помеѓу 2006-2007 година, каде што водеше различни проекти за поддршка на жени и деца. Во периодот помеѓу 2006-2009 година беше назначена за извршен директор на Американската Стопанска Комора на Македонија, додека денес ја води програмата за управување со промени на една телекомуникациската компанија во Скопје
Надзорен Одбор
Претседател:Проф. Методија КаневчевРедовен професор на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј"
|
|