![]() |
|
|
За Нас Националната Фондација за Трансплантација е основана на 20-ти октомври 2008 год. од страна на спец. д-р Владимир Чадиковски и дипл.инж. Александар Чадиковски, се' со цел да се подигне свеста за донирање органи, понесени од фактот дека степенот на развиеност на едно општество зависи од степенот на донирањето органи. Националната Фондација за Трансплантација е непрофитабилна и политички независна организација.
Почитувани поддржувачи на Фондацијата, Ни преставува посебно задоволство можноста заедно да започнеме еден процес кој ќе ја потенцира хуманоста на нашето општество. Можноста да се донира орган преставува најхуманата работа што можете да ја направите во животот. Целта ни е преку едукацијата на населението да ја подигнеме свеста, да допреме до сите слоеви во општеството и да потенцираме дека овој народ знае да ги почитува основните вредности во животот. Посебно се заблагодаруваме до членовите на Управниот одбор, кој безрезервно го прифатија предизвикот. Благодарност и до сите членови на комисии и сите волонтери кои активно се вклучија во почетоците на еден неминовен процес кој веќе подолго време функционира на секаде низ светот. Целиот процес ке биде долг и со многу препреки и предрасуди, но веруваме дека користејќи ги сите медицински, легални и етички стандарди, како и воспоставувајќи научна синтеза помеѓу здравствените работници и членовите на општеството ќе успееме во нашите намери да бидеме пример во однос на другите држави. Владимир Чадиковски
|
|